Во Западна Европа, темпeратурите во ноември ќе бидат пониски од просечните, соопшти компанијата „Ведер“.
Првото навестување за зимата доаѓа веќе овој викенд со ладни ветрови од север, кои ќе донесат студ низ поголемиот дел од стариот континент, додека во источна и јужна Европа ќе продолжи топлото време, изјави водечкиот метеоролог на компанијата, Тод Кравфорд, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.