Францускиот режисер и продуцент Лук Бесон е обвинет за силување.
Млада актерка поднела тужба против режисерот за силување, по што е отворена истрага. Бесон ги отфрлува обвиненијата.
Според медиумите, 27-годишната жена во петокот била во полициската станица да пријави што и се случувало претходната ноќ во парискиот хотел Бристол.
Режисерот сеуште не е ислушан во полициска станица, бидејќи е во странство.