Живот 09. мај 2018. / 21:11

Метеоролозите со лоши информации: Еве што следува

Метеоролозите со лоши информации: Еве што следува

Времето во Македонија и попладнево ќе биде променливо облачно, нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 14 до 25 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота се очекува процесите да бидат послаби.