Првата дама на САД Меланија Трамп, која не е видена во јавноста од операцијата, на социјалните мрежи возврати на гласините за своето здравје и за бракот.
Меланија на Твитер напиша:
-Бидете уверени, јас сум во Белата куќа со своето семејство, се чувствувам сјајно и работам вредно во име на децата и американскиот народ.
Гласините се појавија пред 20 дена, кога последен пат е видена со претседателот Доналд Трамп.
Белата куќа, претходно ги отфрли шпекулациите за наводно нарушените односи помеѓу брачниот пар.