Живот 13. септември 2018. / 14:38

Меган Маркл откако стана војвотка, не ни очекувала дека ќе наиде на вакви проблеми

Меган Маркл откако стана војвотка, не ни очекувала дека ќе наиде на вакви проблеми

Откако стана војвотка од Сусекс, бившата американска актерка Меган Маркл не ни сонувала дека ќе се нарушат односите со луѓето кои и биле блиски пријатели пред да го сретне принцот Хари.

37 годишната актерка не е во состојба да процени на кој пријател може во потполност да му верува.

“Меган изгуби контакт со неколку најблиски пријатели и поради ова и е многу тешко. Едноставно не знае на кого може да му верува”, изјавил извор за магазинот “Пипл”.

Со толку “блиски извори” кои споделуваат детали од нејзиниот приватен живот со медиумите, јасно е зошто Меган се труди точно да процени кој од нејзините пријатели никогаш нема да изнесе некој “сочен детал” во медиумите.

Кога станува збор за семејството, Маркл и верува единствено на својата мајка Дорија која неодамна се пресели во Лондон за да бидат поблиску.