Меган Маркл е нетипичен претставник на кралското семејство, па токму затоа жените ширум светот ја обожаваат.
Има едноставен стил кој зрачи со префинетост и скромност, кон кој тежнеат многу од жените.
За да не изгледате нападно и натрупано, обидете се да ги следите едноставните правила до кои се придржува Меган Маркл кога одбира накит:
1. Блескавиот веренички прстен е доволен сам по себе.
2. Никогаш нема да погрешите со жолто злато.
3. Разбијте ја монотонијата со асиметрични и различни обетки.
4. Ставете дискретен прстен и на палецот.
5. Не мора да носите комплет накит, направете сами комбинација.
6. И обетките со облик на пирс може да се носат на елегантни настани, ако не делуваат тинејџерски.
7. Тенките прстени на сите прсти се тренд кој вреди да го испробате.
8. Малите светкави обетки се ваш најдобар пријател во секоја пригода.
9. Понекогаш, убаво е да ги следите традициите.