Живот 22. декември 2018. / 17:56

Македонија-Блокира утре ќе го блокира патниот правец Кичево – Охрид

Македонија-Блокира утре ќе го блокира патниот правец Кичево – Охрид

„Македонија-Блокира“ утре, 23 декември, ќе го блокира патниот правец Кичево – Охрид кај Другово во периодот од 13 до 15 часот.

Македонија- Блокира’ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, велат од „Македонија-Блокира“.

Тие најавија дека ќе блокираат улици сè додека не се спречи промена на Уставот и сè додека не се распишат нови избори без Зоран Заев како премиер.