Поради магла има намалена видливост до 10 метри од Тетово до село Гајре, додека видливост од 20 до 50 метри има во Куманово, Тетово, Гостивар, Сарамзалино и Струмица, информираат од ЈП Македонија пат.
Сообраќајот по останатите патишта низ државата се одвива тековно, по наместа влажни коловози.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.