Живот 27. ноември 2018. / 17:54

Лицата со хендикеп заборавени од државата

Лицата со хендикеп заборавени од државата

Лицата со хендикеп заборавени од државата. Немање пристап до болниците, во пакет со дискриминација во остварувањето на правото на здравствената заштита се само дел од проблемите со кои се соочуваат хендикепираните лица.

Од здружението „Полио плус“ велат дека здравствените институции немаат слух за нив. Од таму постојано добивале одговор дека „поприоритетни биле други прашања“.

-Државата не ислегува во пресрет за целосно остварување на правата за здравствена заштита за граѓаните со хендикеп, и покрај ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. Сепак, не се најде време за сериозно да се пристапи кон решаввање на оваа проблематика. Нашиот стандарт не е прилагоден на начин кој што ќе им овозможи на лицата со хендикеп да станат доктори. Има многу проблеми и прашања, а се надеваме дека државата ќе најде простор и време за разговор, вели Елена Кочоска, раководител на „Полио Плус“.

Трајче Димков, пратеник во Собранието, вели дека во законодавниот дом нема лице со хендикеп, кое ќе може автентично и дирекно да ги посочи и да се бори за своите права.

– Се надевам дека политичките партии тоа ќе го променат. Треба да се обединиме сите политички партии, овие лица заслужуваат решавање на проблемите, изјави Димков.

Од здружението велат дека и во Министерството за здравство треба да се вклучени лица со инвалидитет кои од внатре ќе работат на проблематиката и ќе ги посочат проблемите со кои се соочуваат овие лица.