Американците вчера го прославуваа еден од најважните државни празници, Денот на независноста, со кој се одбележува донесувањето на Американската декларација за независност на 4 јули 1776 година.
Се славеше и во Белата Куќа, во која беше одржан пикник за воените семејства, во организација на претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.
Многу Американци вчера се облекуваа во комбинација во боите на американското знаме – црвена, бела и сина.
Исклучок не направи ни првата дама, но многумина ја критикуваа за лошата комбинација.