Новопечената војвотка живее под голем притисок поради јавноста, но и модните критичари, така што Меган мора да ги исполни големите очекувања.
Откако на 19 мај го изговори судбоносното „да“ со принцот Хари, Меган е под притисок да го следи кралскиот протокол, а покрај тоа и да изгледа добро.
Последната недела модните критичари удрија по војвотката од Сасекс: од чевли во кожна боја, преку крој на фустан, па до огромни штикли. Меган била искритикувана за плаво-белиот фустан со цветен дезен кој го носела на 17 јуни на венчавката на родинаната на Хари. Интернетот не се воздржал да искоментира и дека фустанот од 5.000 долари бил преголем и воопшто не и стоел.
Сепак и покрај критиките, имиџот на Меган дел го оправдуваат, бидејќи поради кралските правила веќе не може преку облеката да го истакнува својот сексипил.