Британските филмски ѕвезди Ема Томпсон, Кира Најтли и Том Харди, како и нобеловецот Казио Ишигуро, ќе добијат почесни благороднички титули од кралицата Елизабета Втора.
Листата е објавена синоќа, а титулите ќе ги додели кралицата или друг член на кралското семејство, пренесува Ројтерс.
Титулите се доделени врз основа на нивната работа и успех во обласитете во кои работат.
Томпсон ќе стане дама Ема, што е најголема почест за жени и еквивалентана титула на витез.
Актерот Том Харди ќе може да се пофали дека е командант од редот на британската империја.