Живот

Кога детето ќе добие сончаница што да направите

Кога детето ќе добие сончаница што да направите

Кога децата долго време си играат под силните сончеви зраци, но и кога ќе останат подолго во загреана просторија, може да дојде до симптом на прегревање, бидејќи внатрешниот „термостат“, не може да постигне да го излади целото тело.

Ако приметите дека вашето дете има симптоми кои укажуваат на сончаница, најпрво тргнете го од сонце.
Единствен начин да му помогнете е да го разладите.

Еве неколку чекори како да го направите тоа:
– Доколку имате можност, влезете во просторија во која е вклучена клима или вентилатор, но внимавајте просторот да не е премногу изладен.
– Тргнете го детето и легнете го.
– Поставете нешто под нозете на детето, со цел крвта да помине низ виталните органи – срцето, белите дробови и мозокот.
– Ставете му ладни облоги на вратот, на препоните и под пазувите.
– Дадете му да се напие некаква течност, но не претерувајте. Давајте му по неколку голтки на секои 15 минути