Живот 31. декември 2018. / 09:28

Какво време не очекува последниот ден од оваа година

Какво време не очекува последниот ден од оваа година

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Сувото и ветровито време ќе се задржи и во вторник, а веќе од среда се очекува ново наоблачување кое ќе донесе локални врнежи од снег кои ќе ги има и во четврток.

Во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од снег во западните и југозападните делови од државата. Утринските температури ќе се движат од -6 до -2 степена, а дневните од 2 до 8 степени.