До крајот на денешниот ден нѐ очекува повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат нешто поинтензивни.
Облачно и свежо време со потрпосечни температури на воздухот ќе биде и утре, а ќе има и повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот, а особено навечер и во текот на ноќта кон четврток ќе се интензивираат, особено во јужната половина од државава каде локално се очекува да наврнат дури преку 50 – 60 л/м2 воден талог за кратко време па така можно е да услови локално поплавување како и зголемување на нивоата на реките и на езерата во државава.
Локално ќе има услови за нестабилност проследена со грмежи додека температурите на воздухот и натаму ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 26 степени.