Живот 17. април 2018. / 09:21

Какво ќе биде времето до петок?

Какво ќе биде времето до петок?

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, на места пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Т-мин. од 6 до 11, а т-макс. од 18 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд. Температура 9 /23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Од петок ќе има намалување на облачноста и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.