Мозокот е вистинско чуди, машина која во суштина е голема мистерија сама по себе.
За добра кондиција на мозокот најважно е да биде постојано активен и констатно да прима најразлични информации: курс за странски јазик, игри на меморија, решавање на крстозбори, разговор со луѓето, смеењето, сето тоа е добро за него.
И што е најважно, мозокот би требало постојано да има нови податоци кои ќе треба да ги преработува.
За да ви работи мозокот како сунгер, мора и организамот да ви биде во добра состојба. Редовно контролирајте го крвниот притисок и мерете го нивото на шеќер во крвта. Лекарите истакнуваат дека физичката активност е исто така битна за неговата правилна работа. Омега3 масните киселини се важни за преработката на информациите во мозокот, а нив ги има во морските риби.
Оревите, црното чоколадо и чајот ја изоструваат концентрацијата и го поправаат расположението. Кромидот ги штити крвните садови и го подобрува крвотокот, па мозокот подобро се снабдува со кислород. Многу важен е и витаминот Б12 кој се наоѓа во месото и рибата. Магнезиумот ги зголемува менталните сподобности, па ќе бидете благодарни поради полесното паметење и побрзото учење.