Живот

Јапонската амбасадорка најави туристичка промоција на Виница

Јапонската амбасадорка најави туристичка промоција на Виница

Изложбата на јапонски графики „Лебдечки свет“ ја иницираше соработката на Општина Виница со јапонската амбасада во Македонија, по што денеска амбасадорката Кеико Ханаде имаше работна средба со градоначалникот Ивица Димитров.

Посетата на Виничко Кале, приказната за теракотните икони и за историјата на Виница беше оценета како одлична можност да се направи промоција на нашето културно богатство пред јапонските туристи.

– Видов дека овој регион е голем производител на нашата главна храна – оризот поради што веднаш ја препознав поврзаноста и блискоста. Со градоначалникот Димитров разговаравме за зајакнување на соработката, посебно во областа на туризмот, за што очекувам јапонски туристи да дојдат и во овој регион од Македонија, рече амбасадорката на Јапонија Кеико Ханада.

Градоначалникот Димитров претстави дел од проектите што се реализираат во општината, како и оние за кои се очекува финансиска поддршка, како што е реконструкцијата на крововите на ОУ „Никола Парапунов во селото Драгобраште и на ОУ „Гоце Делчев“ во Виница.

При посетата на музејот „Теракота“ Димитров на гостинката и подари копија од теракотните икони и примерок од монографијата за Виница.