Младите лекари масовно се иселуваат во странство. Поради масовниот лекарски егзодус помалите општини во источниот регион Зрновци,Чешиново-Облешево,Карбинци останаа без матични лекари.
Младите лекари масовно се иселуваат во странство. Поради масовниот лекарски егзодус помалите општини во источниот регион Зрновци,Чешиново-Облешево,Карбинци останаа без матични лекари .Речиси секој студент на медицински науки паралелно со студиите изучува и германски јазик.
Ангела Здравкова од Виница е прва година на штипскиот медицински факултет и таа како и своите колеги својата иднина ја гледа во странство. Од наредната година планира да започне со напреден курс по германски јазик. Според неа, но и останатите нејзини колеги најчеста причина за заминување во странство е економско-социјалната состојба во која се наогаат младите лекари.
Дека состојбата со медицинскиот кадар во државата е аларманта , укажува и познатиот кариохирург со штипско потекло Жан Митрев. Тој е еден од малкуте лекари кој својот лекарски ангажман го започна во Германија,но потоа реши да се врати во Македонија . За да се задржат младите лекари треба да се направи итна реконструкција на здравствениот систем,алармира Митрев.