Живот 25. јуни 2018. / 16:17

Исповед на робинка за злосторствата на терористите: Моето бебе живо го сварија во метална кутија

Исповед на робинка за злосторствата на терористите: Моето бебе живо го сварија во метална кутија

Исламската држава е позната по бројните монструозни дела, а меѓу нив е и малтретирањето на жени кои на припадниците на терористичката организација им служат како сексуални робинки.

Иако во поголем дел од случаите, жените се принудени да користат контрацепција, многу од нив сепак остануваат бремени и на свет ги носат децата на нивните силувачи.

Повеќе од 1000 жени кои биле заробени во Исламската држава, денеска живеат во Германија, каде им се пружи соодветна терапија за да ги преболат траумите кои ги приживеале.

Една од нив, открила дека терористите го ставиле нејзиното бебе во метална кутија и го оставиле да се свари на сонцето.

„Деца на Исламската држава”, како што се нарекуваат преживеаните потомци на сексуалните робинки на терористите, денеска можат да се најдат ширум Блискиот исток и Европа, а ги има над сто.

Силувањето како оружје е концепт стар колку и војната, но Исламската држава е посебно сурова во однос на тоа. За да можат жените да ги продаваат како робинки, терористите ги присилуваат да користат контрацепија, но што се случува со тие што ќе забременат?

Девојка која за германски „Шпигел” се претставува под името Хаула, со месеци била заробена во Исламската држава. Како и повеќето робинки, таа е припадничка на Језида, а во заробеништвото родила девојче.

На трети август 2014 година Исламската држава го нападнала селото на Хаула и во рок од месец дена, 5000 луѓе исчезнале. Хаула ја натовариле во автобус, кој ја однесол во затвор, каде биле чувани стотина други жени и девојчиња.

Затворот служел како своевремен пазар со луѓе и многу брзо Хаула била купена од 45-годишен егзекутор од ИД, кој се викал Абу Омар. Тој ја купил за 1.5 милиони ирачки динари, односно за 1500 евра.

Од тој момент, таа била во негова сопственост и животот го поминувала затворена во куќа во Мосул. Омар брутално ја силувал и ја малтретирал, а по неколку месеци кога забременила, ја префрлил во својата куќа, кај својата сопруга.

И било наредено да престане да пере, готви и служи, поради што била изложена на малтретирање од страна на сопругата на Омар, која била љубоморна. Хаула дури се обидела и да се обеси.

ИД во 2014 година објавила памфлет под назив Прашања и одговор за заробениците и робовите, во кои се наведува дека сексот со робинките е дозволен и се опишува како бременоста влијае врз вредноста на жената на пазарот.

„Доколку робинката забремени не може да биде продадена бидејќи е мајка на дете”, се наведува во памфлетот.

Со други зборови, со бременоста таа целосно губи вредност и добива статус меѓу робинка и слободна жена. Кога Хаула сфатила дека забременила, се обидувала на повеќе начини да побегне, но не успеала.

Имала среќа, бидејќи сопругата на Омар ја ослободила, а на крај самата со автомобил се вратила кај нејзината мајка.