Користите ли производи кои содржат канцерогени состојки повремено? Можноста нешто да ви се случи од нив е минимална, но доколку употребата е честа, тогаш ризикот е голем.
Чувајте го своето здравје и за да ги намалите шансите за настанување на карцином, избегнувајте користење на следниве производи:
Пуканки за микробранова – Иако се вкусни, овие пуканки содржат штетни хемиски супстанци кои се поврзуваат со низа болести, вклучувајќи ги и најопасните – карциномите. Пуканките сами по себе не се штетни, посебно доколку ги подготвувате оние кои се органски одгледани и тоа на масло кое поднесува високи температури. Но, овие за микробранова треба да ги избегнувате.
Антибактериски сапуни – Tриклосанот, хемискиот пестицид кој е составен дел од антибактериските сапуни, се поврзува со оштетувањата на штитната жлезда и хормоните, како и со разни инфекции. Наместо антибактериски сапуни, одберете ги обичните кои со редовна и правилна употреба ќе ги исчистат вашите раце одлично.
Хемиски отрови – Можеби си мислите дека не ги користите во вашето домаќинство, но размислете уште еднаш. Хемиските отрови се спрејовите против инсекти, средствата за чистење на печка, како и разните прашоци против мравки или лебарки. Сето ова е исклучително штетно и отровно, па подобро одберете природни производи кои ќе ја завршат задачата. Можеби ќе им треба повеќе време и се поскапи, но нема да ве разболат.
Облека која не се гужва – Идејата за облека која не мора да ја пеглате бидејќи не се гужва звучи одлично, но таквата облека е отровна. Содржи формалдехид кој лошо делува на здравјето и предизвикува разни болести, па дури и карцином. Подобро да ја земете пеглата во раце и да ја избегнувате ваквата облека.
Освежувачи на воздухот – Без разлика дали станува збор за оние во спреј или оние кои се приклучуваат на струја, освежувачите за воздух не се пријателски. Содржат низа хемикалии кои, замислете иронија – всушност го загадуваат воздухот. Овие хемикалии се поврзуваат со појава на карцином, астма, алергии и хормонални пореметувања. Наместо освежувачи за воздух, отворете ги прозорите и пуштете да влезе свеж воздух.
Садови за кои не се лепи храната – Садовите со дно на кое не се лепи храната се хит бидејќи лесно се чистат, но опасни се за здравјето. Содржат хемикалии кои се исклучително канцерогени и доколку ги користите подолго време можат сериозно да ви наштетат.