Живот 07. декември 2018. / 21:56

И вечерва воздухот загаден 10 пати над дозволеното

И вечерва воздухот загаден 10 пати над дозволеното

Загаденоста на воздухот во државата секојдневно станува се понеподнослива. Имено според мерните станици кои се уште не се исклучени можеме да го видиме нивото на загаденоста во околните градови низ државата.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 19 часот, покажуваат дека во Битола изнесува неверојатни 469mg/m3, во Кавадарци 338 mg/m3, а пак во Струмица родниот град на премиерот Заев изнесува 300 mg/m3.