Живот

И ја одгризала устата на својата ќерка бидејќи плачела – почина девојчето кое ги расплака сите

И ја одгризала устата на својата ќерка бидејќи плачела – почина девојчето кое ги расплака сите

Деветгодишната Катја Спесивцева од Русија почина поради неочекуван застој на работата на срцето.

Малата Катја на руската јавност и стана позната откако преживеала трагична тортура од својата мајка, 36 годишната Људмила, која во 2015 година и ја одгризала усната затоа што девојчето плачело.

Катја, која боледувала од церебрална парализа се разбудила една вечер и неутешно плачела што ја разлутило нејзината мајка. Бесна што девојчето ја разбудило, мајката и пришла на девојчето и почнала да се тресе и удира, но бидејќи девојчето уште посилно заплакало, во налет на хистерија мајката и ја одгризала усната.

Несреќното девојче со денови била во рани и болки пред Људмила да се одлучи да ја однесе на лекар. Детето веднаш било хоспитализирано, а докторите востановиле дека мајката во налет на бес се обидела и носот да го одгризе, но не успеала во својата умисла.