Живот 14. октомври 2018. / 09:15

И денеска сончево време

И денеска сончево време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека дневните температури ќе се движат од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.