Живот 20. април 2018. / 12:46

Хуманитарна изложба на Христина Тарабунова- Собраните средства наменети за дечињата од онкологија

Хуманитарна изложба на Христина Тарабунова- Собраните средства наменети за дечињата од онкологија

На 29ти април во кафе бар „Излет“, ќе се оддржи втората самостојна изложба „Интернационалниот ден на желбата“, на младата и креативна Христина Тарабунова, која ќе се претстави со рачно ткаени парчиња мутави (черги) на еден сосема индивидуален начин, многу поразличен од традиционалниот.

Изложбата „13 причини зошто“ ќе биде од продажен карактер, а покрај Тарабунова ќе учествуваат уште 10 млади талентирани уметници. Проектот е замислен како целодневна забава, а собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата Златна Рипка за децата болни од тешки болести од одделот Онкологија во Државна болница. Настанот ќе биде отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.