Хрватскиот портал Вечерни лист објави текст по повод кралската венчавка, во кој се наведува дека принцот Хари е потомок на хрватско-унгарскиот државник и војсководец од 16. век Никола Шубиќ Зрински.
Иако Хрватска никогаш не била дел од британската империја, кралското семејство има културни, туристички и фамилијарни врски со Хрватска.
Една од најпознатите врски е тоа што во британскиот дворец со децении се точи вино траминец од Илочките визби, а тоа вино се пиело и за време на крунисувањето на кралицата Елизабета II во 1952 година, како и на венчавката на Хари.
Како што пишува хрватскиот портал, сите членови на кралското семејство се потомци на Никола Шубиќ Зрински, а тоа го утврдил пред неколку години хрватскиот историчар Горан Младинео.
Тој утврдил дека кралицата Марија, сопруга на кралот Џорџ V и баба на сегашната британска кралица, е потомок на унгарско семејство. Според трагите тоа семејство било поврзано со хрватско.