Храната која лошо влијае на расположението во поголем дел се состои од нездрава, преработена и брза храна. Кога не внесуваме доволно хранливи материи, тешко се соочуваме со секојдневните обврски, деконцентрирани сме и неретко депресивни.
Храна која лошо влијае на расположението е шеќерот, кексовите и благото, пржената и преработената храна, односно соковите богати со шеќери.
Шеќери
Храната која во себе содржи преработени шеќери го зголемува ризикот за развој на депресија, односно го намалува лачењето на серотонин, хормонот на среќа.
Кексови и слатки
Оваа храна е богата исто така со шеќери, но и соја, како и додатоци кои негативно влијаат на здравјето на организмот. Покрај тоа, со нивна честа консумација телото губи енергија, односно доаѓа до пад на концентрацијата и лошо расположение.
Брза, пржена и преработена храна
Ваквите типови на храна се полни со нездрави маснотии, кои ја попречуваат работата на организмот. Нивната долготрајна консумација резултира со зачестени промени во расположението, а може да доведе и до депресија.
Сокови богати со шеќери и диетални пијалаци
Овие пијалаци содржат вештачки шеќери кои го спречуваат производството на серотонин. Наместо тоа, направете си природен свеж сок или напијте се шолја зелен чај.