Живот 22. април 2018. / 19:35

Хорор во Србија: Маж чувал девојче во подрум како сексуална робинка

Хорор во Србија: Маж чувал девојче во подрум како сексуална робинка

Уапсен е 65-годишен маж Д.Р. од Стари Бановци, Србија, поради сомнеж дека десет дена сексуално злоупотребувал малолетна девојка, која ја чувал како робинка во својата куќа.

Семејството на малтретираната девојка, го пријавило нејзиното исчезнување на средината на месец март. Подоцна при претрес на куќата на злосторникот поради сомнеж дека чува оружје, полицијата ја пронашла девојката.

-Детето на полицијата и рекло дека Д.Р. редовно ја злоупотребувал сексуално, користејќи дивјачка сила. Исто така и забранувал да излези од куќата. И се заканувал дека ќе ја убие ако се обиде да го премине прагот. Трепереше и беше збунета кога полицијата ја пронашла како седи на подот во мрачна и нечиста соба. – пишуваат српските медиуми.

Неофицијално, девојката била во згрижувачко семејство, кое го напуштила и завршила во станот на непознат маж.

-Таа и претходно бегаше од дома, но секогаш се враќаше.- велат од семејството.

Злосторникот бил веднаш приведен и задржан во полициска станица.