После спектакуларната венчавка, првото појавување на принцот Хари и Меган Маркл во јавноста ќе биде на роденденот на принцот Чарлс.
Меган доби благослов во Бакингемската палата за својата положба да ја користи за борба за своите вредности, меѓу останатото и за феминизам. Наскоро се очекува Меган да се огласи во врска со хуманитарните установи и кампањите кои ќе ги одржува, а се смета дека ќе се огласи кога ќе се врати од медениот месец, кој младите малку го одложија.
Војвотката, која ја прекрши традицијата одржувајќи говор на венчавката, соработувала со бројни здруженија влучувајќи ги „UN World“ и „World Vision“. Ќе продолжи да работи во склоп на Кралската фондација со својот сопруг Хари, принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.
Кенсингтонската палата се уште не ја известила јавноста за одредиштето каде младите ќе одат на медениот месец, но започнаа нагаѓањата. Хари и Меган веројатно ќе одат во Намибија, позната по природата и дивите животни.