Живот 16. јули 2018. / 11:24

Хаос во авионот: Притисокот нагло паднал – патниците завршиле во болница (ВИДЕО)

Хаос во авионот: Притисокот нагло паднал – патниците завршиле во болница (ВИДЕО)

Патници на компанијата „Рајанер“ доживеале вистинска драма на летот од Даблин до Задар, па авионот бил принуден да слета во Франкфурт.

Триесет и три патници се префрлени во болница, а тревогата започнала кога нагло паднал притисокот во кабината.

Според информациите, авионот за седум минути се спуштил за речиси 30.000 фити (над 9.000 метри).