Додека цела Македонија е на нозе во знак на хуманост и се превземаат бројни активности и акции за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска кај која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски од каде е Сара се правда зошто општината не дава парични средства како помош за девојчето. Познато е трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.
Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителие неможат сами да ги обезбедат.
Граѓаните преку хуманитарно мобилизирање се трудат да ги соберат средствата, да се помогне да се спаси млад човечки живот, но Јовановски не смета дека така. За него законите се пред се, па дури и пред спасување на млад живот. Тој на своите советници во општината кои бараат градот да и помогне на Сара им дели лекции за предлог измени кои како што вели тој и да се случат, како краен епилог нема да се спроведат.
За ова е се почеста слика во нашата Македонија, кога институциите не делуваат, хуманоста на граѓаните зе покажува на дело. За среќа Македонија има актери, пејачи, медиуми кои знаат дека хуманоста е пред се и кај сите нас во вакви случаи срцето треба да биде отворено и пред умот.