Денеска е Ѓурѓовден, а едно дрво има посебно значење.
Станува збор за дрвото граб. Кога ќе наидете на граб во шума, додека барате ѓурѓевак, треба да се занишате на гранка, за вашата симпатија да ве „грабне“. Освен лулањето, со гранчиња од граб, момчињата и девојките ја китат куќата и портите на овој ден, со цел полесно да најдат брачен партнер.