Живот 16. април 2018. / 17:49

Гевгеличанка без соодветно образование вршела очни прегледи

Гевгеличанка без соодветно образование вршела очни прегледи

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г (62) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,надрилекарство”.

МВР како што соопштија, во периодот од мај 2016 година до поднесувањето на пријавата, пријавената, без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти.