Живот 18. февруари 2018. / 19:10

ФОТО: Педофил се допишувал со 11 годишно девојче, па се соочил со нејзиниот татко- еве како поминал

ФОТО: Педофил се допишувал со 11 годишно девојче, па се соочил со нејзиниот татко- еве како поминал

Аргентинецот Волтер Родригез одлучил самиот да се пресмета со педофилот кој сакал да ја прелаже и обљуби неговата ќерка.

Тој физички се пресмета со педофилот кој сексуално ја вознемирувал неговата 11 годишна ќерка така што го договорил  на состанок со него, наместо со  малото девојче.

Идентитетот на педофилот е откриен, станува збор за Герман Акоста кој има 29 години, а со денови ја вознемирувал ќерката на Родригез преку  социјалната мрежа “Whats App”. Тој ја убедувал ќерката на Родригез да се сретнат, но да не кажува никому со кој ќе се сретне. Акоста не се надевал дека малото девојче ќе му ја раскаже целата приказна на својот татко.

Откако му раскажала на својот татко за случката, тој продолжил да се допишува со педофилот.

„Кажи им дека ќе се сретнеш со твоите пријатели”, напишал Акоста, не знаејќи дека се допишува со нејзиниот татко.

Тој и испраќал пораки со сексуална содржина и барал од неа да му праќа фотографии каде позира во долна облека.

“Јас сум невина”, напишал Родригез во името на својата ќерка.

“Тоа е супер”, вратил педофилот.

Родргиез признал дека прво го договорил Акоста да се сретнат во неговиот дом, но дека во тој случај сигурно би го убил. Сепак, Акоста го променил планот и рекол да се сретнат во населбата Вила Кресто во Буенос Аирес.

Кога Родригез го здогледал Акоста на улица, веднаш почнал да го удира по главата, а потоа повикал полиција. Акоста бил целиот раскрварен, па Родригез го фотографирал и тие фотографии ги објавил на Фејсбук. Исто така, ги објавил и фотографиите каде се прикажани пораките кои и ги пишувал на девојчето.

“Овој човек е болен. И праќаше сексуални пораки и фотографии на мојата 11 годишна ќерка”, напишал Родригез на Фејсбук.

Сега и двајцата се соочуваат со обвиненија, но ниту еден не е притворен.

Родригез е обвинет за напад на Акоста, а Акоста за сексуално вознемирување на малолетник.