Метеоролошките служби во Европа предупредуваат на опасности.
На северниот дел од континентот и во јужните делови на Франција во сила стапија предупредувања за силни ветрови, поплави, лизгања на земјиштето, а во Португалија пожарникарите сè уште водат битка со огнената стихија.
Пожарите што ја зафатија земјата земаат сè поголем замав, а за една недела тие уништија и десетина дома.
Властите во Португалија објавија дека успеале да стават под контрола дел од пожарот на југот на земјата.