Живот 30. декември 2018. / 19:19

Еве какво ќе биде времето за новогодишната ноќ

Еве какво ќе биде времето за новогодишната ноќ

Утре преку денот ќе биде променливо облачно, во западните и југозападните делови со слаби локални врнежи од снег.

За време на Новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата. Во вторник ќе се задржи суво и ветровито, а од среда кон крајот на денот се очекува ново наоблачување со локални врнежи од снег, што ќе продолжат и во четврток.