Услови за слаби локални врнежи од дожд и тоа претежно на југот од државава ќе има утре (четврток) додека од петок ќе продолжи периодот на претежно стабилно, суво и натпросечно топло време во текот на денот додека наутро ќе биде студено па така на некои места температурите ќе се спуштаат под нулата, анализира Славчо Поповски.
Поради релативно тивкото време во текот на следниот период во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Максималните дневни температури на воздухот следниот период ќе се искачуваат во интервалот претежно од 13 до 20 степени.