Живот 12. септември 2018. / 16:45

Еве какво ќе биде времето во наредните денови

Еве какво ќе биде времето во наредните денови

До самиот крај на оваа недела но и во поголемиот дел од следната недела продолжува периодот на вистинското летно септемвриско време со високи температури на воздухот кој ќе бидат релативно надпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени додека од викендот во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 35 степени, соопштува метеорологот Салвчо Попоски.

Времето ќе биде сончево повремено со умерена облачност а ветерот кој со денови дува од северен правец и е со засилен интензитет полека ќе смалува на интензитет.

За време на викендот има услови само за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи што значи не се очекува ништо особено и засега нема на видик некоја голема промена на времето и изразен влажен бран и циклон.