Живот

Еве какво ќе биде утре времето

Еве какво ќе биде утре времето

Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.

Времето денеска до крајот на денот ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец, соопшти УХРМ.

Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот почнувајќи од западните делови на земјава ќе има повремени врнежи од дожд, со можни ретки грмежи. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Температурата ќе се движи од 6 до 13 степени наутро, и преку ден од 21 до 29 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се зголемува, кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 27.

Вo сабота ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и ретка појава на грмежи. В недела времето ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи