Живот 17. ноември 2018. / 22:17

Еве каде утре ќе заврне снег

Еве каде утре ќе заврне снег

Облачно и студено време не очекува утре, со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег.

Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.