Платформата за молитва на која падна каменот ќе биде затворена на подолг временски период, ако властите проценат дека постои опасност од одронување, изјави директорот на телото одговорно за израелските антиквитетии, Израел Хасон.
Тој додаде дека прегледот на камењата може да трае до две недели, па ќе биде потребно повеќе време додека да се обезбеди секој поединечен камен, ако се најдат многу небезбедни камења.
Претседателот на конзервативното движење Рои Шабтај денешниот настан го нарече „чудо”.
„Ако тоа се случеше вчера, кога многу луѓе се молеа, тоа ќе беше катастрофално”, кажа Шабтај, објавува весникот.
Полицијата ќе го испита инцидентот.