Живот 31. октомври 2018. / 22:03

Емотивна порака на синот на газдата на Лестер: Тато ми недостигаш, ќе ги остварам твоите соништа

Емотивна порака на синот на газдата на Лестер: Тато ми недостигаш, ќе ги остварам твоите соништа

Аијават Шриваданапраба, синот на загинатиот сопственик на Лестер, кој го изгуби животот во хеликоптерската несреќа, му оддаде почит на својот татко по пат на социјалните мрежи.

Тој објави фотографија на која го прегрнува и бакнува во образ, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката и ветил дека ќе продолжи да го прави она што неговиот татко го започна.

– Исклучително сум горд што имав толку неверојатен татко– напиша и додаде дека неговиот татко го научил да биде силен и да се грижи за семејството.

Тој истакна дека му недостига неговиот татко и дека ќе направи сè што е потребно за да продолжи да ги оствари неговите соништа и цели.

Тајландскиот мултимилијардер Вичаи Шриваданапраба беше еден од петте луѓе кои загинаа во падот на хеликоптерот во саботата навечер кога полетаа од стадионот King Power.