Мртвото Море е пред целосно исушување. Годишно нивото на морето се намалува за еден метар , а научниците ја утврдија причината.
Израелската влада реши да интервенира 8 години порано од планираното и ќе распише конкурс за давање под концесија на вадењето минерали во близина на Мртвото Море. Со тоа се очекува да се спречи еколошката катастрофа што му се заканува на морето. Главна причина за драстичното намалување на мосрското ниво е пресушувањето на реката Јордан , која во горното течение се користи за наводнување и за снабдување со вода за пиење. Вадењето на минерали , сепак е клучно за еколошката катастрофа.
Компанијата , која моментално ја има концесијата секоја година од вкупно 700 – 800 милиони изгубени кубни метри вода , е одговрна за загуба од 250-350 милиони кубни метри. Комапнијата Israel Checials има концесија на 70 години , но израелската влада ќе распише конкурс за нов концесионер , со што се очекува оваа компанија да биде одбиена и потоа владата да го преземе управувањето , што би значело помалку експлоатација и чување на водите.
Сепак не се очекува дека компанијата во име на екологијата толку лесно да се откаже од бизнисот вреден милијарди долари. Israel Checials произведуваат натриумови соединенија , што се користи како ѓубриво , бром за спречување на ширењето пожари и други производи што ги извезува низ цњелиот свет.
Компанијата , чиј сопственик е милијардерот Идан Офера , не ги прецизираше своите планови во врска со намерата на владата на Израел за зачувување на Мртвото Море , каде голем број плажи веќе се дел од пустината.