Живот 20. јуни 2018. / 11:54

Драстичен пад на температурите од сабота

Драстичен пад на температурите од сабота

Од сабота се очекува драстичен пад на дневните температури во земјава. Според податоците од УХМР, дождливото време ќе се задржи и за време на викендов и во текот на следната недела, кога се очекува дневните температури да паднат и до 18 степени Целзиусови.

Извор: УХМР

Според најавите на метеоролозите, до петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови.

За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.