Фудбалер на перуанскиот клуб Кимбири, Сесар Монталво е уапсен среде меч со Хуанте, поради наводен лажен идентитет.
За време на натпреварот на Куп Перу фудбалерот со лисици на рацете е изнесен надвор од теренот.
Полицијата добила докази дека Монталво, всушност е Хосе Антониот Лараин Контрерасма, криминалец кој е во бегство веќе две години, поради нелегални работи.
Монталво излегувајќи од теренот викал дека не е тој Контрерасма.