Живот

Дожд и грмежи од утре, посвежо ќе биде викендот

Дожд и грмежи од утре, посвежо ќе биде викендот

Сончево и топло време со температури до 36 степени утре и задутре, а во попладневните часови локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и планинските делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

И за време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, при што ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

Според прогнозата на УХМР, денеска максималните температури ќе достигнат 35 степени Целзиусови, а вредноста на УВ индексот 9. Најавените максимални температури до 36 степени за утре и задутре викендот ќе се намалат до 31 степен.