Иако се уште е пролет и имаме повремено дожд, метеролозите сепак најавуваа повисоки температури, а лекарите советуваат како да се заштитите.
Пред употреба задолжително миење на земјоделските, градинарските производи, како и термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Воедно, избегнувајте производи кои термички не се обработени како на прмер мајонези од домашни јајца, а внимателно и со консумација на сладолед и разни кремови. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
Доколку сте во можност тоа да го направите, не излегувајте во период од 10 до 17 часот, а избегнувајте и напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности.
Носете светла и лесна облека бидејќи светлите бои ја рефлектираат светлината, а при на директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
Внесувајте големо количество течности почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.
Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во поладно место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура и побарајте помош од доктор.