Живот 23. март 2018. / 09:55

Доколку сакате „помлад” мозок за 11 години ова треба да го јадете

Доколку сакате „помлад” мозок за 11 години ова треба да го јадете

Научниците од Американскиот Универзитет во Чикаго, спровеле истражување за влијанието на спанаќот на мозочните клетки на 850 луѓе на возраст од 81 година.

 

Истражувањето е базирано на анализа на нивните ментални способности и навики во исхраната. Истото покажало дека оние кои секојдневно консумираат спанаќ,марула  и друг зеленчук со зелена боја имаат до 11 години „помлад“ мозок, за разлика од оние кои не ги консумирале ваквите намирници.

 

 

Укажувајќи на лековитите својства на зелениот зеленчук, кој е богат со витамин К, бета-каротен, како и различни антиоксиданси, научниците препорачуваат консумирање на овие намирници заради нивното позитивно дејство во превенција на бројни заболувања, меѓу кои е и Алцхајмеровата болест.

 

Резултатите од истражувањето биле презентирани на Конференцијата на експериментална биологија во САД.

 

Претходно, шведските научници преку истражувања потврдија дека консумирањето на зелениот зеленчук помага и за зајакнување на мускулите, што е претходно презентирано во цртаните, како на пример во познатиот Попај, кој својот бесен ривал го совладуваше со консумирање спанаќ.