Најевтиното гориво во регионот но и во Европа е во Република Српска, каде цената на бензинот и дизелот е по едно евро, пренесуваат агенции од регионот.
Во Федерацијата БиХ литар бензин е 1,09 евра, а дизел 1,07, додека во Србија бензинот е 1,29 евра, а дизелот 1,36.
Цената на литар бензин во Хрватска е 1,43 евра, а литар дизел е 1,36, во Црна Гора 1,41, односно 1,30 евра, додека во Словенија е 1,36, односно 1,30 евра.
Литар бензни во Албанија чини 1,44 евра, дизел 1,42, во Грција 1,65, односно 1,31 а во Италија бензинот е 1,64 евра, а дизелот 1,52 евра.
Во соседна Србија пак горивото поскапе неколку пати. Цените на бензини таму пораснаа од 3 јануари за речиси 9 динари, а дизелот за дури 11 динари.