Живот 18. јуни 2018. / 12:27

Доаѓа освежување: Погледнете какво време не чека до крајот на јуни

Доаѓа освежување: Погледнете какво време не чека до крајот на јуни

Топло време со услови за локално невреме со грмотевици најавуваат метеоролозите за почетокот на оваа недела. Понеделник и вторник нема многу да се разликуваат од изминатите неколку дена. Во текот на денот времето ќе биде топло а попладне ќе се создаваат услови за дожд кој на некои места ќе предизвика и поинтензивни процеси со услови за невреме со грмотевици.

Температурите ќе се движат околу 30 степени.  Од средината на неделата условите за дожд ќе бидат се помали, но температурите и натаму ќе се движат околу 30 степени. За време на викендот се очекува продор на посвежа воздушна маса која во сабота и недела ќе ги спушти температурите за 7 до 8 степени. Во сабота максимални 25, а во недела некој степен повеќе но сепак температури под просекот. Посвежо време и слични температури под просекот ќе имаме до крајот на јуни.